Црно ѝ се пишува на македонската енергетика со Заев кој ќе ги затвора РЕК Битола и Осломеј, реагираат од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува нивното соопштение:
ВМРО-ДПМНЕ подолго време ја алармира јавноста за погубните политики на Заев и неговите партиски послушници во енергетскиот сектор, кои поради нестручното и криминално раководење ќе резултираат со затворање на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Партиските војници на Заев, тогашните најави за „црното” сценарио во Енергетиката како и вообичаено го демантираа со лажни изјави: “РЕК Битола бара од политичките партии да се однесуваат одговорно кон најголемиот производител на електрична енергија во земјата и кога се зборува за Енергетската стратегија за периодот 2020 – 2040 година. Хипотетичките сценарија за развој на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија недозволиво е да се претворат во “приказни за плашење на мали деца”(објавено во повеќе медиуми на 25 Декември 2019 година).
Но, сега потврдата за затворањето РЕК Битола и РЕК Осломеј доаѓа лично од нивниот лидер Зоран Заев:“Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј” (изјавено на 20 Мај 2021 година од Зоран Заев, во емисијата „Утрински брифинг“).
Имено, според усвоената Стратегија за Развој на Енергетиката во Република Македонија до 2040 година од страна на Владата во Декември 2019 година, по зеленото сценарио кое се преферира се предвидува РЕК Осломеј да престане со работа веднаш, а РЕК Битола во 2025 година. Сега, откако „шампионите” во Енергетиката како последица на нивното расипничко и криминално раководење ги втурнааа државните Електрани на Македонија во финасиски колапс, имаат намера најголемите производители на електрична енергија да ги затворат дури и пред затворање на термоцентралите во Европската унија.
Би сакале, да ги потсетиме СДС и Зоран Заев дека во предизборието ветуваа дека за РЕК Битола ќе има јаглен и ќе работи и после 2050 година и во изборната програма за парламентарните избори за 2020 година ветуваа низа проекти за РЕК Битола, но сега со потврдата од Заев за затворање на РЕК Битола проектите наведени во Изборната програма „Можеме” се чист апсурд, што значи како и досега се само празни зборови на хартија и лажни ветувања пласирани од СДС.
РЕК Битола и РЕК Осломеј со својата моќност овозможува над 70% учество во вкупното производство на електрична енергија во електроенергетскиот систем, што значи со нивното затворање би значело зголемување на увозот на електрична енергија, целосна енергетска зависност на Македонија и многу повисока цена на електричната енергија. Исто, така со затворањето на овие два енергетски гиганти би значело тотален колапс, не само на електроенергетскиот систем, туку и колапс на градовите Битола и Кичево. Во РЕК Битола и РЕК Осломеј се вработени околу 4000 луѓе на кои животната егзистенција би им била неизвесна, а од овие два рударско-енергетски комбинати егзистираат и повеќе претпријатија така што бројот на социјални случаи би се мултиплицирал неколкукратно.
Исто, така од ветените проекти од Зоран Заев и СДС за изградба на фотоволтаични електрани, ветерни електрани…досега, нема никаква реализација, а убеди сме дека ќе нема и во блиска иднина односно како и се досега ќе бидат само неколку лажни ветувања на СДС.
Бараме од Владата предводена од СДС да даде објаснување пред македонската јавност за ветувањата наведени во Изборната програма за парламентарните избори за 2020 година за проектите во Енергетиката. Исто, така би било доблесно да даде објаснување на над 400 вработени на неопределено работно време и над 300 вработени преку Агенција за привремено вработување кои ги вработи во изминатите години, повеќето непосредно пред парламентарните избори во 2020 години кои се членови на СДС и нивните коалициони партнери. Дали и нив ги изманипулираа и ги вработија во Комбинати кои имаат намера за кратко време да го затворат и да бидат прогласени за технолошки вишок?
Спасот од енергетскиот мрак кој доаѓа во Македонија е побрз пад на оваа ненародна власт која што ја опустоши Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ја известува македонска јавност дека за разлика од СДС кои преферираат на затворање на РЕК Осломеј и РЕК Битола, дека ВМРО-ДПМНЕ има решенија за продолжување на векот на овие значајни енергетски капацитети со што би се постигнал сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на Македонија.
Comments are closed for this post.