Банките ја стопираа исплатата на државната помош од 6 000 денари. Бараат Владата да го измени Законот за финансиска поддршка, со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги.
Банките велат дека се со врзани раце. Сега Законот ја ограничува распределувањето на добиените средства на трансакциските сметки на граѓаните најдоцна до 25 декември. Од Банкарската асоцијалција тврдат дека еднократната финансиска помош од 6.000 денари, како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, е исплатена на над 90 отсто од корисниците.
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека нашите членки – банките, како и досега, подготвени се со сите свои ресурси да излезат во пресрет на проектите од јавен интерес, а посебно на оние кои се наменети за социјално ранливи категории граѓани. Притоа, секогаш активностите мора да бидат во рамки на законските прописи.“ – Македонската банкарска асоцијација.
Од Владата и денеска го повторуваат вчерашниот став. Бараат од банките да бидат флексбилни и да продолжат со исплатата на државната помош и покрај истечените рокови во Законот.
Очекуваме толеранција од банките наредните денови додека целосно да заврши исплатата, затоа што се работи за категории граѓани кои се најпогодени од кризата предизвикана од Пандемијата. Тоа што доцнеше донесувањето на Законот во Собранието ги предизика овие непријатности. Сепак Владата стори се’ помошта да стигне до сите за кои е наменета.“ – Влада.
Comments are closed for this post.