Македонската банкарска асоцијација апелира до клиентите на банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро да ги ограничат посетите на експозитурите и деловните простории, да избегнуваат директен контакт и ракување со вработените и да се придржуваат целосно до сите препораки на Владата.
– Сите наши членки продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и правните лица, при што до сите нив се апелира секогаш и секаде каде што тоа им го дозволуваат околностите да ги користат алтернативните начини за добивање на банкарски услуги како што се електронското банкарство, мобилното банкарство итн. кои не бараат нивно физичко присуство во банките со што директно ќе се придонесе за спречување од ширење на болеста, се наведува во соопштението.
Од асоцијацијата наведуваат дека комуникацијата и координацијата меѓу членките се одвива на перманентна дневна основа и се преземаат мерки и активности согласно развојот на состојбите.
Comments are closed for this post.