Недостиг на финансиски средства била главна причина за застојот на изградбата на патот Кичево-Охрид, кој траел четири години, а сега фокусот е за период не подолг од една година половина од тој пат да биде пуштен во употреба.
Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител напоменувајќи дека одобрението за кредиот од Ексим банка го добиле пред два дена.
За Кичево-Охрид имаше застој не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средства. Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид. Ќе гледаме половина од тој пат, кој е со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година, истакна Анѓушев.
Тој нагласи дека автопатиштата се надвор од буџетот и се во буџетот на претпријатието за државни патишта. Нагласи дека за патот Миладиновци-Штип перцепцијата е дека нешто се успорило.
-Напротив овој пат се гради четири и пол години. Во првите две беа изградени околу 55 отсто потоа за една и пол година беа изградени 45 отсто и тој е пуштен за употреба, додаде Анѓушев.
Comments are closed for this post.