78,8 милиони евра капитал влегле во првите три месеци посочи заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Тој објасни дека кај странските директни инвестиции постојат повеќе категории и непотребно се вознемирува јавноста од страна на некој што не ги познава доволно економските тековите.
Оваа година капиталот на странски фирми што донеле пари да инвестираат во нашата државата во првиот квартал од 2019 година изнесува 78,8 милиона евра. Според истата таа категорија, во 2018 година капиталот на странски фирми изнесува 13 милиона евра, во 2017 година е 12,9 милиони евра, во 2016 година се влезени 20 милиони евра, во 2015 година бројката изнесува 7,5 милиони евра, во 2014 година 17,4 милиони, во 2013 година – 3,8 милиони евра и во 2012 година капиталот на странските инвестиции изнесува 34,7 милиони евра. Ова се вистинските бројки на странски капитал донесен за инвестиции во нашата држава. Оваа година само во првиот квартал се 78,8 милиона евра, а просекот од претходните седум години изнесува 15,6 милиони евра или во 2019 година директните странски инвестиции, директните пари донесени за градење фабрики во државата, се 5 пати повеќе од овој просек. Најдобра година во претходните 8 години е 2012 кога таа бројка е 34,7 милиони евра, а во 2019 година првиот квартал е 227 отсто подобар од најдобрата година во претходните осум“, изјави Анѓушев.
Comments are closed for this post.