2025 година беше успешна година за Царинската управа како една од столбовите на државата и на економијата, носат големи средства и го полнат буџетот на Македонија.Резултатите кои ги постигнавме се видливи и мерливи, но секогаш може повеќе, вели Бобан Николовски, директор на Царинската управа во интервју за „Република“.

Тој е задоволен од приходите од царина за изминатата година што ќе значи повеќе средства за здравство, образование, градинки, училишта, патна и железничка инфраструктура.

Наплативме 105 милиони евра повеќе споредбено со 2024 година.Поточно, во 2025 година.Царинската управа наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105 милиони евра повеќе споредбено со 2024 година. Раст е забележан по сите основи, при што приходите од царина бележат раст од 15,5 %, од данок на моторни возила 12,5 %, од акциза за 5,9 % и од ДДВ при увоз за 3,2 %. Како Царинска управа имаме континуирано зголемување на приходите во буџетот и зголемување на оперативните резултати во царинските постапки, Споредбено со ниту еден месец од 2024 година немаме намалување туку зголемување на приходите.Ова не е случајност. Тоа е резултат на секојдневна напорна работа, професионализам и посветеност. Секогаш може подобро. Резултатите што ги имаше постигнато минатата влада на СДСМ ги надминавме ноншалантно затоа што затекнавме девастирана царинска управа. Го подобривме и односот со бизнисмените, транспортерите и со сите други учесници во царинската постапка.

Секојдневно слушаме за заплена на пратки на храна, гардероба, обувки.Што се случува со оваа стока, дали ја уништувате или има можност таа да се даде на деца без родители, бездомници и хумантитарни организации.

Се е ограничено со законски акти. Кога се зборува за храна и медицински лекови ние имаме заплена од 6 тони храна и над 10 илјади парчиња лекови, меѓу кои таблети за дијабетес, кардиоваскуларни и гастроинтестинални заболувања, инсулин, стероиди, инјекции, медицински препарати за животни. Секоја храна и лек што се увезува подлежи на дозволи од надлежни институции. увоз. Во сите овие случаи стоката се уништува бидејќи не е безбедна за употреба. Кога станува збор за чевли или патики, тие може да се подарат, меѓутоа ние не сме институцијата што ги подарува. За да одземеме ние чевли, патики или облека, ако се сомневаме дека стоката треба да се одземе или е брендиран, мора да ја одземеме и да ја сочуваме привремено и да ги известиме застапниците да дојдат и да видат дали стоката е фалсификат или не..Доколку е фалсификат, а имаме одобрение од нив тогаш може да се подари и донира, меѓутоа само облека и чевли.Меѓутоа мора да се тргнат и логоата и сето тоа во договор со застапниците кои ја застапуваат стоката.

Дали се намалува увозот на стари возила?

Увозот на половни автомобили не е намален, но имаме позитивна тенденција на увоз на електрични и хибрридни возила. Во 2024 година е забележан раст на увозот на нови и употребувани хибридни и електрични за 55 проценти.. Бројот на нови хибридни бележи раст од 36 посто. Ова придонесува за процентуален раст на возила кои не загадуваат и се надеваме дека колку што расте нивното производство толку ќе бидат повеќе увезувани бидејќи екологијата е наш приоритет.Нашите зајакнати истраги беа причина за зголемена наплата на давачки при увоз на возила. Годинава, заклучно со ноември се наплатени 11,3 милијарди денари, односно една милијарда повеќе од минатата или 11 проценти повеќе..

Неодамна набавивте нова опрема да се скенираат пратки со цел да се спречи шверц на оружје и дрога. Како фукнционира?

Жално е како до сега сме немале вакво нешто. Самото постоење на еден ваков скенер-ренген на тие што сакаат да направат нешто.Скенерот има огромен капацитет, стотици пратки во минута може да скенира и доколку има добар царински службеник кој што знае добро да го чита и да го раководи.Тој е веќе монтиран и ќе остане во царинската испостава каде што ќе ги скенира сите пратки кои се мал обем, односно со обем 1 метар на 80. Се што е поврзано со оружје, со дел од оружје, експлозив, дрога, вештачката интелегенција го покажува и царинскиот службеник обрнува внимание и ја контролира пратката..Откако го имаме поставено немаме заплена од ваков вид додека порано имало заплена на ситни количини марихуана, дел од оружје, кој ако помине еден дел, потоа поминува друг и може да се склопи.

Неодамна беше промовиран нов систем за анализа, грант од Јужна Кореја. Што значи ова за Царината?

Дигитализацијата е нешто што е неминовно. Човечкиот фактор да го елиминираме што повеќе. Дигитализацијата ги забрзува царинските процедури и дава помал простор за грешка.Ова е систем кој што сите податоци, целиот увоз и извоз, транзит, сите информации за акцизна стока, евиденција на заплени и кривични пријави. Воедно истиот обезбедува податоци за пратки чии вредности се различни од берзанските цени, но и чии вредности се под просечните согласно анализата на вредноста на целокупниот увоз, со што ги алармира царинските службеници за проверка на контејнерите со вакви пратки, се со цел да се утврди и да се спречат обиди за царинска измама.Во делот на спречување на секој обид за криминал, од суштинско значење е и анализата на податоците за патници во воздушниот сообраќај што ни овозможува поефикасно таргетирање на високоризични профили на патници и да знаеме кој е сомнителен.Второ, се овозможува олеснување и забрзување на легалната трговија, што за фирмите значи пократко време за циренење и помалку трошоци. Ова е овозможено преку зголемена концентрација на контролите на пратките каде претходно системот утврдил дека постои високо ниво на ризик од потенцијални измами, како и анализа на податоците од извршени постконтроли, што придонесува кон забрзување на легалната трговија. Се овозможува подобрување на квалитетот на податоците кои понатаму ќе бидат предмет на анализи и креирање мерки за подобрување на трговските политики како клучни за забрзување на растот на економијата.

Добивте и донација две царински кучиња. Ги влучивте ли веќе го контролите?

Тоа се одлично истренирани кучиња и за едно од нив директорот на корејанската царина ми рече дека е ѕвезда бидејќи имало многу заплени кои се по негова заслуга. Заедно со уште едно куче од К9 единицата учестуваа во наоѓањето на десете килограми кокани.

Неодамна бевте во Брисел каде зборувавте за т.н зелени ленти. За што се работи.

Ова значи дека ние како царинска управа, и граничната служба на нашиот сосед , односно Грција и Бугарија кои се членки на ЕУ, овозможуваат непречен прокот на стока и се клучни за конкурентноста на компаниите. На тој начин градиме доверба помеѓу двете царински служби. Иако ние се уште не сме во ЕУ даваме информации на земја членка што ќе дојде кај нив а тие треба да ни даваат информации што ќе дојде кај нас. Меѓутоа во моментов, бидејќи не сме дел од ЕУ информацијата е еднонасочна, односно ние им даваме информации а не добиваме.

Кое е најголемото достигнување на Царината во периодот откако раководите со неа? На што сте горди?

Горд сум на екипата, на тимот кој е во царинската управа и што ги постигна овие резултати. Постигнавме да секој однадвор и одвнатре ќе може да дојде и да види мерливи и видливи резултати, и да ги компарира наназад. Ќе види дека некој се трудел и работел попрофесионално и поангажирано, имал визија и знае што прави. На тоа сум најмногу горд.Царинската може и мора уште повеќе, но за да имаме резултати мора да имаме соработка со транспортерите и бизнис заедницата и со секој учесник во царинската постапка.Јас тоа чувство се уште го немам на она ниво на кое би требало да го имам. Во Царинската управа сум од 2008 година и добро знам што мислам и што зборувам-вели Николовски во интервјуто.