Познат е терминот кога Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе сведочи за случајот „Рекет“. Тоа ќе се случи во вторник во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Денеска пак на распит беше обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, кој го води предметот „Поштенска банка“.

Тој по исказот изјави дека немал притисоци за тоа што да каже пред обвинителката Русковска.

Јас дојдов и дадов изјава во својство на сведок за „Рекет” во врска со истрагата за „Поштенска банка“ која ја води Обвинителството. Ја кажав вистината, ги дадов сите информации. Верувам дека мојот исказ ќе даде придонес за развој на истрагата”

На распит во обвинителството во средата беше и Стефанова, а ден претходно исказ даде и Обвинителката Елизабета Јосифовска.