На италијанската лотарија „Супереналото“, се падна награда од 209 милиони евра, што е рекорд за оваа игра на среќа. Добитникот се уште не се појавил во јавноста.
Лозот којшто чини само две евра, бил уплатен во населбата Лоди, кај Милано. Шесте среќни броеви за џекпот беа: 7, 32, 41, 59, 75 и 76.
Добитна шестцифрена комбинација на италијанското лото не е извлечена од јуни 2018 година.
Претходниот рекорд е забележан во октомври 2010 година, кога беа освоени 177 милиони евра
Comments are closed for this post.