Обвинителката Елизабета Јосифоска, која е дел од тимот на СЈО, денеска била да сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за „Рекет“, објавува „Фокус“ повикувајќи се на свои извори од извори од Обвинителството.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска најави дека на сослушување е повикана и специјалната обвинителка Лиле Стефанова, а од Обвинителството најавуват дека ќе бидат повикани на распит и сите инволвирани. Но засега не се знае дали и кога ќе биде повикана специјалната обвинителка Катица Јанева, чиј глас се слуша во снимките кои ги објави италијански „Ла верита“.
Comments are closed for this post.