Папата Франциско денеска ќе ги прогласи за светци двете „најважни и најоспорувани личности“ на Католичката црква во 20 век – папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро.
Павле Шести е познат по тоа што, откако стана папа во 60-тите години на минатиот век, го воведе служењето литургија на национален, наместо на латински јазик, а со тоа ги зајакна односите со луѓето од други вери и ја воведе практиката папите да патуваат по светот.
Во 1968 година го потврди противењето на Ватикан за контрацепција со што ги зајакна конзервативните, а ги оддалечи напредните сили во Римокатоличката црква.
Надбискупот Оскар Ромеро е познат по тоа што остана покрај народот во Салвадор и ги осудуваше сиромаштијата, неправдата, убиствата и малтретирањата. Во 1980 година е убиен за време на миса во болничка капела.
Comments are closed for this post.