Популарните џет-сетерки Џиџи и Бела Хадид се ограбени во монденскиот грчки остров Миконос.
Познатите сестри не сакајќи, многу им ја „олесниле“ работата на крадците , со тоа што вредниот накит редовно го сликале и го објавувале на Инстаграм, поради тоа крадците точно знаеле што да бараат во нивната вила.
Манекенките се ограбени додека се забавувале на Миконос.. Тие кога се вратиле во изнајмената вила затекнале хаос и превртени работи. Крадците им го земале целиот накит.
Засега непознатите крадци провалиле во вилата и однеле се што манекенките оставиле, вклучувајќи го и скапоцениот накит, лап топ и други вредни работи.
Нивниот татко Мохамед изјавил дека сестрите не се достапни за коментар, бидејќи се силно истрауматизирани од настанот.
Comments are closed for this post.