Изненаден од гласините дека може да се врати во Формула 1, ввократниот светски шампион Фернандо Алонсо вели дека доколку има намера да се врати на патеките, тогаш навивачите и медиумите ќе слушнат за тоа веднаш.
„Бев малку изненаден од тоа колку луѓе зборуваа за моето враќање неодамна. Сите мои соништа во Формула 1 веќе се остварија. Всушност, постигнав дури и повеќе отколку што сонував. Имав прекрасен прв дел оваа сезона во различни трки и серии. Ако еден ден сакам да се вратам во Формула 1, ќе знаете за тоа“, изјави Алонсо.
Во текот на својата кариера тој настапуваше за Минарди, Рено, Мекларен и ферари.
Comments are closed for this post.