Италијанскиот весник „Ла Верита“ на својот Јутјуб канал ја објави и целосната снимка од третото продолжение за случајот „Рекет“ која трае 27.16 минути. Боки 13 го споменува и З. З, но споменува и човек по име Жарко на кого вели дека му завршил работа со СЈО.

ТРАНСКРИПТ:

Боки: Уште една слика. И ова исто меѓу нас..

Камчев: Што?

Боки: Да видиш како ми е дома наместено. Беше и З.З.

Камчев: Добро па ти за нив ја играш играта. Дај малце винцето од пред врата донеси ми. Мислам дека  и З.З нема да прави проблем за мене.

Боки: Ја разговарав, сега у понеделникот.

Камчев: Со него? Нема да прави проблем така?

Боки: Не не. Само немој да петљаш….

Камчев: Абе у живот немам ништо со Трајче. Коа ми кажа ти, на Ана си и пуштил порака Бугарите да не се мешаат не се јавија више. Се јавија? У затвор бев јас Боки. Ти сии  кажал на Ана, молим те да не се мешаат. Не се ни јавија. Они покушаа нешто, тие ми се пријатели, пријател треба да проба, ама сега знаеме кој кључ може да отвори врата.

Боки: Така е. И уште една работа. Споменуваш неколку пути еден чоек и ова меѓу мене и тебе.

Камчев: Јас споменувам чоек?

Боки: Споменуваш неколку пути, што е, кај е, како е..

Камчев: Кој е тој?

Боки: Тој човек преку мене стапи во контакт..

Камчев: Оној од горе, нашиов?

Боки: Да и заврши све со мене. Ама заврши и со СЈО и ЗЗ. И големи работи и големи проекти. Се.

Орце: Нашиот?

Боки: Да.

Орце: Тој па не е компатибилен за голема игра.

Боки: Те молам, меѓу мене и тебе.

Орце: Шефе завршено, крај. Оти он имаше исто предмет така?

Боки: Немаше

Орце: Имаше за базите, добро сега си го решил проблемот. Си ја решил маката.

Боки: Никој не знае.

Орце: Види Жарко ми е кум мене. Кој може, Бог да му поможе.

Боки: Беше исклучително прецизен. Таму го носев јас.