Албумот на Битлси „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ е прогласен за најпопуларен британски албум во историјата, соопшти британската компанија „Official charts company“.
На овој албум, познатата четворка од Ливерпул ги објави своите големи хитови како „Со мала помош од пријателите” и многу други.
По објавувањето на тој албум бендот престана да оди на турнеи и се фокусираше на студиска работа под водство на продуцентот Џорџ Мартин.
На топ листата на најпопуларни албуми зад Битлси се најде Адел со албумот „21“ и групата Оејзис со албумот „(What’s the Story) Morning Glory?“.
Comments are closed for this post.