Основниот кривичен суд го одби барањето за пуштање од притвор на Томор Морина, потврдуваат од судот. За неговата екстрадиција сѐ уште нема одлука.
Томор Морина е во притвор повеќе од две седмици. Тој беше уапсен на 24-ти јули од македонската полиција на граничниот премин „Блаце“. ИНТЕРПОЛ, на барање на Србија, издаде налог за апсење на Морина.
Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), Томор Морина, беше приведен во Македонија по налог на меѓународната полициска организација Интерпол изаден од Србија која го обвинува за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година.
Официјален Белград веќе побара екстрадиција во Србија, но ова барање прво треба да го разгледа Кривичниот суд во Скопје. Сепак, одбраната на Морина не верува дека поранешниот војник на ОВК ќе биде екстрадиран во Србија.
Comments are closed for this post.