Генерланиот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е уверен дека САД ќе останат во воената алијанса. За време на посетата на Нов Зеланд, Столтенберг рече дека во САД постои силна поддршка на НАТО што се потврдува и на терен имајќи предвид дека САД го зголемуваат своето воено присуство во Европа.
Столтенберг наведе и дека алијансата не се подготвува за малку веројатното американско повлекување.
Њујорк тајмс пренесе порано дека предупредувањата на американскиот претседател Домналд Трамп беа во насока дека САД можат да се повлечат од НАТО доколку нејзините членки не ги зголемат значително нивните издвојувања за одбраната.
Столтенберг како што пренесува БЕТА, вели дека пораката на Трамп членките да трошат повеќе на одбраната имала мал ефект
Comments are closed for this post.