Оние постарите сигурно се сеќаваат на цртаниот филм Том и Џери.  Со години ја гледавме вечната борба помеѓу мацката и глушецот , но никогаш не добивме одговор – како изгледа познатата МАМА.

Спореден лик во Том и Џери е МАМА, жена од афроамеричко потекло во чиј дом живее озогласениот мачор Том,а таа го храни чува, но понекогаш и го брка.

Цртаниот филм  активно се прикажуваше  на телевизија повеќе од 40 години и никогаш не сме виделе како изгледа познатата мама. За жал, анимираниот лик никогаш не беше прикажан, но затоа знаеме кој го позајми нејзиниот глас и чиј лик е создаден.

Мама е Лилијан Рандолф, американска актерка и пејачка која беше активна на телевизија уште од 1930-тите до последниот ден од нејзиниот живот.