Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште еднаш објави дека ја цени титулата во Премиер Лигата повеќе од трофејот во Лигата на шампионите.
На чело на Сити, 48-годишниот стратег доминираше во Англија изминатите две сезони, а според него, ова е поважно од трофејот во ЛШ. Гвардиола го објаснува неговиот избор со фактот дека има помалку натпревари ЛШ и ризикот да не освоиш е многу поголем.
„Лигата на шампионите е важен и тежок турнир за освојување. Но, ова се само седум натпревари (по групите). Јас нема да одам во казино и да се обложам на сè што имам во џебот за седум натпревари. Не го сакам тоа. Сакам да бидам среќен 11 месеци и Премиер Лигата ме прави среќен. Секоја средба што ја освојуваме ме прави среќен. Зошто треба да чекам да дојде февруари и на тие седум натпревари да се обложувам на сè? Премногу е ризично од моја гледна точка, рече Гвардиола.
Comments are closed for this post.