Дали синот на водачот на Ал Каида е навистина мртов.Светските медиуми го поставуваат ова прашање откако беше објавено дека Ханза Бин Ладен е убиен. Ова остава многу сомнежи бидејќи не беа објавени никакви детали за смртта ниту пак каде е ликвидиран.
Не е позната ниту пак неговата старост но се претпоставува дека имал околу 30 години. Се криел во Авганистан, Пакистан и Иран. Би-би-си објавува дека таткото го воспитувал синот да ја мрази Америка и Христијаните и оти го подготвувал да биде иден водач на Ал Каида.
Тој наводно бил женет со ќерката на еден од водачите на организацијата Абудахан Ахмед но и со ќерката на Мохамед Ата, еден од организаторите на нападите на 11 септември.Но, овие информации не можат да се потврдат.
Comments are closed for this post.