Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека има тројца идоли од детството.Тоа се Пит Сампрас, Алберто Томба и Мајкл Џордан. Со Пит и Алберто успеал да се запознае и тие станале и добри пријатели.

Но, со најдобриот светски кошаркар Ноле никогаш не се запознал иако имал можност. Тој раскажува дека пред неколку години Ер Џордан бил дојден во Монте Карло и за тоа му јаивила неговата сопруга Јелена.

Спиев во станот и го исклучив ѕвонењето на телефонот да не ми пречи. Кога се разбудув гледам пропуштени повици од Јелена. И се јавива и таа ми вели, доаѓај Џордан е овде.Ладно и одговорив дека треба да се одморам бидејќи попладне имам тренинг-раскажува Ноле.

Подоцна се свестил што пропушта и веднаш отишол во градот но Џордан веќе бил заминат.

Сепак Ноле се надева дека ќе имаат нова можност да се запознаат со летечкиот Џордан.