Откако сите македонски екипи ги завршија настапите на европска сцена, Шкенија попладнево ќе се обиде да го обели образот. Во 18 часот е закажан дуелот со Дуденланш кој во Скопје славеше со 1-2.

Пред мечот тетовци изјавуваат дека се поквалитетна екипа од противникот и оти имаат сили за победа која ќе значи пласман во следното коло на Лигата на Европа.

Во тимот на Шкендија нема повредени или казнети играчи па тренерот Ќатип Османи ќе го изведе најсилниот состав во Луксенбург.