„Полицијата наместо да ги гони оние што прават криминал, МВР одлучи да ги гони оние кои криминалот го откриваат.“
Ова го изјави новинарот Љупчо Златев откако денеска беше повикан на информативен разговор за објавување на разговори во кој се споменува Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
Златев вели дека не гледа која е причината како новинар да биде повикан на информативен разговор.
Полициските службенци ме прашуваа две работи,дали стојам јас за текстот што е илузорно бидејќи јас сум потпишан и кој е свиркачот кој ми го доставил аудиото.Значи главната цел не е да се открие криминалот туку да се открие оној кој на медиумите им го дал криминалот.Одговорив дека никогаш нема да го откријам мојот извор, рече Златев.
Comments are closed for this post.