Најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста. Јавно ги обрахрувам надлежните органи до крај да го расчистат случајот „Рекет“.
Ова го изјави специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева која денеска се појави на работното место во СЈО.
„Го разбирам, почитувам и оправдувам интересот на јавноста за случајот Рекет. Да ви се извинам што свесно оставив подолг период да не излезам со свој став во јавноста зашто не сакав да оставам впечаток дека се мешам во истрагата. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч. Јас не кријам дека се познавам лично со Бојан Јовановски и дека мојот син работи во 1 ТВ. Но ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност и овластување за различни цели. За жал подолг временски период до мене допираа гласови, дека не само лицето Бојан Јовановски туку и други го злоупотребуваат моето име и презиме за различни цели“, рече Јанева.
Таа ги избегна новинарските прашања. Истакна дека верува дека СЈО ќе остане симбол за беспоштедна борба со висок криминал и корупција.
Comments are closed for this post.