Американската пејачка, Селена Гомез, е примена на лечење во психијатриска болница, поради емоционален слом поради здравствените проблеми.
Во изминатите две недели, 26-годишната Гомез двапати ила хоспитализирана, прво поради лоши резултати на крвта по минатогодишната трансплантација на бубрег, а потоа и неколку денови подоцна поради значително влошување на целокупната здравствена состојба, објавуваат американските медиуми.
Според информациите, Селена побарала од лекарите да ја напушти болницата, но кога тоа не и било дозволено, таа „полудела и ја искорнала инфузијата од рака“. Тоа било причина да биде префрлена на псијатриското одделение каде што е ставена на терапија за ментални болести.
Ова не е првпат пејачката да прима терапија за психичко растројство, а таа и самата отворено зборуваше за проблемите со депресија што ја мачат веќе повеќе од пет години.
Comments are closed for this post.