Обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска ја заменуваат Катица Јанева во периодот кога таа е главен специјален јавен обвинител во оставка. Јанева вчера потенцира дека нејзината оставка ќе биде активна по договорот на политичките партии за нејзин заменик. Обвинителката Ристоска денеска изјави дека формално – правно шеф на специјалното јавноо обвинителство се уште е Катица Јанева.
Во моментов имаме и заменици кои што како и секогаш ја менуваат специјалната обвинителка во нејзино отсуство. Така што обвинителството и понатаму има кој да е одговорен и има кој да ги раководи работите. Заменици сме јас и колешката Елизабета Јосифовска. Она што е официјален податок, рече Ристоска.
Посочи дека зборува во име на сите обвинители кои присуствуваа денеска на прес-конференцијата – Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Лиле Стефанова, Артан Ајро, Елизабета Јосифовска и Трајче Пеливанов, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи кои се на одмор, вклучувајќи ја и целата стручна служба во СЈО.
Comments are closed for this post.