Кандидатката за претседател на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во писма до пратениците на Европскиот парламент наведува дека ќе предложи загарантирана минимална плата за сите работници во ЕУ и програма за надомест за невработените.
Во обидот да ги убеди социјалстите и либералите во ЕП, на еден ден пред гласањето за нејзината кандидатура, Фон дер Лајен во писмата кажува и дека ќе го поддржи и намалувањето на емисијата на штетни гасови во ЕУ до 2030 година, пренесоа британските медиуми.
Таа ветува и реформи во начинот на кој ЕУ ќе го надгледува почитувањето на владеењето на правото во државите членки, и вети реформа на миграцијата и надворешната политика.
Фон дер Лајен наведе дека ќе го поддржи давањето повеќе време за Велика Британија за преговорите за излез од Европската унија, доколку постојат добри причини за тоа.
Пратениците во ЕП утре на тајно гласање ќе одлучат дали ќе ја именуваат Фон дер Лајен за претседател на Европската комисија.
Пратениците на зелените и на крајната левица веќе се изјаснија дека нема да гласаат за нејзиниот избор.
Comments are closed for this post.