Едно лице се здобило со повреди од убод од остар предмет и од огнено оружје синоќа во расправија што се случила во возило на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека синоќа околу 21:50 часот на ул.„Џон Кенеди“, Е.М (32) од Скопје пријавил дека по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, а во врска со давање на пари. По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот
Comments are closed for this post.