Баран трговец со оружје е приведен на скопскиот аеродром, откако тој бил депортиран од Швајцарија.
При проверката на документите откако В.Ш. стигнал на аеродромот, било утврдено дека 36-годишниот тетовец се наоѓа на листа за апсење за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Тетовецот веднаш бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за негово спроведување во КП – Затвор Тетово.
Comments are closed for this post.