Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за ТВ Клан на прашањето дали ќе има одговорност за случајот со „пранкерите“, истакна дека тој останува на неговиот став од прес конференцијата, дека во објавените разговори не се изнесени државни тајни и дека се пренесени разговори кои премиерот Заев веќе јавно ги има застапувано.
Секако, јас изразив жалење за ситуацијата и разговарав со некои од лидерите од регионот за оваа случка. Претседателот на Косово прифати дека се работи за несреќен случај. На претседателот Вучиќ му испратив порака. На темите за решавање на отворените прашања пренесени се познати ставови и разговори направени на билатерални или на други меѓународни средби, кои се јавно објавени. Мојата определба, и во разговорите објавени од телефонските разговори, се дека решение треба заеднички да најдат Косово и Србија низ взаемно прифатлив компромис, решение“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Клан, и додаде дека оваа случка нема да го поколеба тој да ги продолжи комуникациите со лидерите од меѓународната заедница или со граѓаните на земјата.
Заев на прашањето за односите со Руската Федерација, рече дека овој случај нема да има влијание и дека тие остануваат одлични и со потенцијали за развој.
Премиерот објасни дека во Владата постојат протоколи за комуникации, но потребата земјата да се интегрира кон демократскиот свет бара директна и честа комуникација со лидерите од светот и директно преку мобилен и преку дигиталните комуникации.
Сепак, протоколите ќе ги зајакнам, треба повеќе да внимаваме на безбедноста, тоа е наша секојдневна потреба“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Клан.
Comments are closed for this post.