Поради градежни работи во близина на мостот „Тодор Александров“, во населба Ново Лисиче во Скопје, има времен сообраќен режим на булеварот АСНОМ во период од 7 до 18 часот и тоа поради градежни активности во близина на мостот Тодор Александров.
Во тој период, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.
Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.
Comments are closed for this post.