Учениците Елена Гребенакова и Борис Китановиќ и нивната менторкаТашка Гетова, задоволни се вратија од меѓународното натпреварување Genius Olympiad одржана во Њујорк.
Учениците од СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово оствариле одличен резултат во категоријата „Наука“, промовирајќи го сопствениот иновативен производ за рециклажа на алуминиум.
Натпреварувањето промовира глобално размислување за прашања од областа на животната средина и постигнување на одржливост преку основните науки, креативно пишување, уметност, инженерство, дизајн и развој на бизнисот.
Comments are closed for this post.