Поранешниот репрезентативец на Југославија, Предраг Мијатовиќ е убеден дека ќе станеле светски прваци доколку државата не се распаднеше. Според него, ако Хрватска со четири милиони жители стана вицепрвак тогаш СФРЈ сигурно ќе се искачеше на тронот.
-Не сум личност која живее од минатото, но морам да кажам дека доколку останевме заедно ќе врзевме три-четири големи натпреварувања и со голема доза на среќа ќе можевме да станеме светски прваци-смета Мијатовиќ.
Најголемиот успех што Југославија успеа да го направи е петтото место на светското првенство во Италија во 1990 година.
Comments are closed for this post.