Вчера на церемонија во Стејт департментот во Вашингтон, Кејт Бирнс положи свечена заклетва како нов амбасадор на САД во Македонија, објави Амбасадата на САД.
Актуелниот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Македонија, Филип Рикер истакна дека амбасадорката Бирнс ќе ја предводи нова ера во билатералната соработка како пријатели и сојузници на Македонија.
На церемонијата присуствуваа пријателите, семејството и колегите на амбасадорот Бирнс и неколкумина поранешни амбасадори во Македонија.
Бирнс во земјава ќе пристигне во јули.
Comments are closed for this post.