Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди планира да го тужи својот актуелен италијански клуб Интер за мобинг, поточно за поточо застрашување и изолација, со цел да го напушти клубот, пренесуваат италијанските медиуми.
Со ова, уште повеќе се заострува судирот меѓу раководството на миланскиот клуб и до неодамна нивниот 26 капитен.
Но, италијанските медиуми наведуваат дека на челниците на клубот им е преку глава од Икарди и неговата сопруга и менаџерка Ванда Наре, како и дека новиот тренер Антонио Конре јасно порачал дека не смета на услугите на Икарди.
Интер го известил нивниот напаѓач дека може да побара нов клуб, се разбира со соодветно обештетување од 60-70 милиони евра.
Според италијанските медиуми, Икарди и неговата сопруга излезот од ваквата ситуација го гледаат во тужба за мобинг, преку која би можеле да извлечат раскинување на договорот, со цел Аргентинецот да излезе од Сан Сиро како слободен играч.
Comments are closed for this post.