Православните христијани во недела го слават еден од 12-те најголеми христијански празници, празникот Духовден. Наречен уште и Педесетница, ова е еден од најрадосните и најсветли празници во православието во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение.
Овој празник, всушност означува роденден на црквата бидејќи со слегувањето на Светиот Дух, се основа црквата, апостолите се собираат, како и сите оние кои поверувале и биле крстени од нивна страна, потенцираат свештениците.
Ден пред Духовден пак, е една од двете големи задушници. Имено Во саботата, на Задушница се раздаваат даровите. На гробишта се носи храна која се раздава на блиски.
Задушницата со празникот Духовден немаат никаква врска освен тоа што се поврзани календарски. Суштински, православно, задушницата е сосема нешто различно од празникот Духовден, кој е празник на светиот дух, а не на духовите или нешто слично.
Духовден е празник на црквата, роденден на црквата и во ни една смисла нема допирна точка со починатите. Токму затоа свештените лица апелираат дека местото на починатите треба да биде во сабота на денот на задушница а не во недела на Духовден“.
На самиот ден на Духовден откако ќе се отслужи светата литургија според типихот на православната црква вечерта се служи вечерна богослужба на која се читаат три поголеми молитви. Една од тие молитви е посветена на починатите.
Духовден е државен празник во Македонија.
Comments are closed for this post.