МЗТ Скопје го декласира Работнички во првиот меч од иналната серија во домашнот шампионат. На домашен терен “штрковите” славеа со убедливи 80:44. Работнички играше солидно само во првата четвртина која ја заврши со предност.
Во втората четвртина МЗТ го навести она што ќе се слулува во второто полувреме. Целосна доминација. Ако во првото полувреме не им беше јака страна шутот во вториот дел гледавме нешто сосема друго. Погодуваа од секој дел од теренот. Работнички играше толку катастрофално што во цело второ полувреме постигна само 12 поени, а во последната четвртина мизерни три поени.
Најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 17 поени. Во редовите на Работнички Јаневски со 13 поени.
Следнииот натпревар се игра во вторник.
Comments are closed for this post.