На земјите од иницијативата „Три мориња“ им требаат инвестиции од околу 500 милијарди евра само во инфраструктурата до 2023 година за да ја достигнат западна Европа, изјави во Љубљана потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Вазил Худак за време на еден од панелите на бизнис форумот во Љубљана, што се одржа паралелно со Самитот на Иницијативата..
Со цел земјите од источна и централна Европа што побрзо да го надоместат заостанувањето од западна Европа во областа на енергетиката, инфраструктурата и дигиталната економија, на самитот беше донесена одлука за формирање заеднички инвестициски фонд.
Во Иницијативата „Три мориња“ членуваат 12 европски земји во триаголникот на морињата од Балтикот, од Црно Море и од Црно Море до Јадранското море
Членки на оваа Иницијатива се трите Балтички земји, Литванија, Естонија и Латвија, потоа Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, како и Австрија, Словенија и Хрватска, Романија и Бугарија.
Претседателите на земјите кои учествуваат во Иницијативата ја поддржаа конечната одлука во завршна изјава.
Фондот беше инициран на минатогодишниот самит во Букурешт, со цел полесно да се финансираат приоритетните проекти во иднина. Прво им се приклучија полските и романските банки, а сега прашањето се конкретизира со заклучоците во Љубљана, односно со пристапот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), додека се уште се преговара со други европски банки, како и со Светската банка.
Comments are closed for this post.