Вработени во затворот во Тетово вчера пронашле кесичка со хероин во кутија со сок што му бил доставен на притвореник од страна на неговата мајка.

Според полицијата, вчера околу 11 часот при преглед на торба со храна и пијалоци што ги донела И.С.(61) од тетовското селот Мала Речица за нејзиниот син Ф.С.(29), кој е во притвор, во една кутија со сок била пронајдена зипер кеса со хероин.

Полицијата извршила увид и го расчистува случајот.