Еден поранешен „платеник“ призна за британски „Гардијан“ дека црните Јужноафриканци намерно биле заразени со ХИВ, со цел белците да станат мнозинство.
Според зборовите на тој платеник, постоел цел тим такви луѓе кои во Јужна Африка се претставувале како лекари, кои потоа заразиле црни Јужноафриканци со ХИВ. Целта била да се уништи црната раса, за белците да бидат мнозинство.
Јужноафриканската Република сега ја има една од најтешките епидемии на ХИВ во светот, со 7,1 милиони луѓе, или малку помалку од 19 отсто од населението, кои живеат со тој вирус. Црното население во Јужна Африка несразмерно е зафатено со таа болест, го пренесува хрватскиот портал „Дневно“ она што го напишал „Гардијан“.
Тврдењата дека бели платеници активно ширеле сида по Јужна Африка во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век се објавени во документарецот „Cold Case Hammarskjold“, кој оваа година премиерно е прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“, наведува Спутник.
Тие тврдења ги изнел Александер Џонс, кој со години работел како разузнавачки агент во Јужноафриканскиот институт за поморски истражувања (САИМР), пред три децении, кога организирал државни удари и други насилства низ Африка.
Џонс тврди дека лидерот на САИМР, Кит Максвел, имал „расистичка, апокалиптична опседнатост со ХИВ, односно сида“, а групата планирала да создаде бело мнозинство меѓу населението во Јужна Африка и соседните земји со тоа што ќе ја избрише црната раса.
Кит Максвел наводно се претставувал како лекар додека водел клиники во сиромашни, главно црнечки квартови во подрачјето на Јоханесбург, што му дало можност да ги спроведе своите убиствени експерименти.
Кит Максвел пишувал за „чума“ за која се надевал дека ќе ја уништи црната популација, ќе го зациментира владеењето на белците и ќе ги врати конзервативните верски обичаи, покажуваат документите на кои се повикуваат авторите на документарецот.
Знакот на ординацијата на докторот Максвел сè уште виси пред канцеларијата во градот Путфонтејн каде што локалците се сеќаваат на почитуван човек кој буквално имал монопол врз здравствените услуги во тоа подрачје. Тие рекле дека нудел „чудни третмани“, вклучувајќи ставање на пациентот во „цевка“, за кои велел дека му овозможувале да гледа внатре во нивните тела. Исто така, давал и „лажни инјекции“, рече Ибрахим Каролиа, кој имал продавница отспротива.
Според тврдењата на локалците, „лажниот“ доктор во јавност се претставувал како сосема добронамерен, против геноцид, а јавно наводно се залагал за откривање на лек против ХИВ.
Меѓутоа, Клод Њубери, лекар кој го познавал Максвел, потврдил дека тој немал медицински квалификации
Comments are closed for this post.