Израелската полиција со звучна бомба и солзавец интервенирала врз муслиманските верници кои реагираа против упадот на радикалните Евреи во џамијата „Месџид-и Акса“, во Источен Ерусалим, пренесува агенцијата Анадолија.
Според Анадолија, муслиманските верници реагирале со текбири против еврејските доселеници, по што следувала акцијата на израелската полиција, која претепала дел од нив.
Очевидци велат дека израелската полиција првин фрлила звучна бомба и солзавец врз муслиманските верници кои се засолниле во џамијата „Ал Акса“, а потоа присилно ги затворила вратите на месџидот.
Портпаролот на Дирекцијата на исламски вакафи во Ерусалим, Фирас Дибс изјавил дека израелската полиција претепала еден од чуварите на џамијата и не дозволила здравствените служби да интервенираат.
Дибс нагласил дека околу 850 еврејски доселеници извршиле упад во „Ал Акса“.
Comments are closed for this post.