Градското собрание на Париз сака да именува мал плоштад според британската принцеза Дајана, соопшти Асошиетед прес.
Плоштадот е во близина на тунелот „Алма“ во кој, во сообраќајна несреќа во 1997 година, принцезата го загуби животот. На него сега, во нејзина чест, има мал споменик со златен пламен.
Сегашното име наплоштадот е „Марија Калас“, но според оперската дива е именувана и блиската авенија. Градските власти сакаат да и одадат почит на принцезата Дајана за нејзината хуманитарна активност.
Принцезата Дајана почина на 36-годишна возраст. Гласањето за новото име на плоштадот треба да се одржи наредниот месец.
Comments are closed for this post.