Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор се договорија да се сретнат на маргините на самитот Г20, кој е закажан за 28 и 29 јуни во Јапонија, објави директорот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун на Твитер.
Портпарол на Белата куќа потврди дека двајцата лидери разговарале за прашања како што се јакнење на трговските размени на двете земји и турските планови за купување руски ракетен систем.
Турција предложи двете земји да формираат работна група која ќе го оцени потенцијалното влијание на С-400 врз авионите Ф-35, но САД се уште не се огласија за овој предлог, а за време на денешниот разговор Ердоган на Трамп му ја повтори понудата на Турција за формирање работна група“, напиша Алтун на Твитер.
Односите меѓу двата НАТО сојузника беа нарушени поради одлуката на Анкара да купи руски ракетен систем С-400, што, според тврдењата на Вашингтон, може да ги загрози нивните борбени авиони Ф-35.
Двајцата сојузници имаат и политички разлики околу кризата во Сирија и американските санкции на Иран.
Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции за Турција доколку го купи рускиот ракетен систем, потег кој, како што посочуваат аналитичарите, ја наруши економијата во Турција, бидејќи лирата бележи пад од 14 отсто
Comments are closed for this post.