Неколку фудбалери од Првата и Втората фудбалска лига се уапсени под обвинение дека местеле натпревари за да добиваат во обложувалница, објави шпанскиот портал Сервимедиа.
Како што пишува порталот повикувајќи се на полициски извори, лидер на групата бил Раул Браво, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, кој меѓу другите настапуваше и за Лидс, Олимпијакос и Арис, а уапсени се и Борха Фернандез од Реал Ваљадолид, Карлос Аранда, поранешен играч на неколку шпански прволигаши и второлигаши и Ињиго Лопез, кој во моментов настапува за Депортиво Ла Коруња.
Првично беше објавено дека меѓу уапсените се наожа и Саму Саиз, фудбалерот на Хетафе, но но од клубот негираа дека тој бил приведен.
Освен фудбалери, за вмешаност во скандалот се обвинети и претседателот на прволигашот Уеска, Агустин Ласаоса и шефот на медицинскиот тим на клубот, Хуан Карлос Галиндо.
Полициската акција доаѓа како резултат на пријава на Ла Лига, откако биле забележани одредени нерегуларности во неколку натпревари, особено во дуелот на Уеска со Настик од Тарагона од 41 коло од минатогодишната сезона во Втората шпанска лига. Освен тој наторевар се испитуваат уште осум други натпревари. Исто така, се испитуваат и последните натпревари од Првата и од Втората лига во Шпанија.
Comments are closed for this post.