Поранешниот стратег на Белата куќа Стив Бенон изјави дека откако на изборите за ЕП во Италија, Франција и Британија победиле националистичките и популистичките партии, европските интеграции се „мртви”.
Бенон смета дека резултатите од изборите покажуваат оти европскиот центар е урнат и дека традиционалната десна и лева ориентација во политиката е заменета со битка на националистичките против глобалистичките сили.
– Народот ги враќа своите земји и тоа е само почеток, истакна Бенон.
Според него, „супергрупата” на евроскептични партии ќе го блокира секој обид за продлабочување на интеграциите меѓу земјите членки на ЕУ.
– Секој ден ќе биде како битка за Сталинград, заклучи поранешниот стратег на Белата куќа.
Comments are closed for this post.