Познато е каде капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров ќќе ја заврши кариерата. Во интервју за босански “Независне новине” Лазаров објаснува дека тоа ќе биде Нант. Ракометарот објаснува и дека има планови што да работи потоа.
Ќе ја завршам кариерата во Нант, тоа е сигурно. Речиси сигурно ќе останам во спортот, во ракометот. Имам неколку опции во главата и времето ќе покаже за кој пат ќе се одлучам, вели Лазаров.
Лазаров се осврнува и на настапите за македонската репрезентација.
Неколку пати бевме блиску до полуфинале. Националниот дрес го носам од 1997 година и многу сум горд на тоа. Македонија е ракометна земја и тоа треба да се негува. Луѓето во Македонија го сакаат ракометот. Реков дека верувам во чуда и тежнеам кон тоа. Македонија има нови генерации кои се талентирани и им треба наша помош. Мојата земја многу направи во ракометот оваа деценија, а и во иднина ќе биде уште подобра. На народот кој го сака спортот и посебно ракометот не смееш да им го скратиш тоа уживање, рче тој.
Comments are closed for this post.