Одбојкарите на Џио Струмица ја освоија шампионската титула на домашната одбојкарска сцена. Во вториот натпревар од финалето, струмичани забележаа победа од 3:0 против екипата на Шутова од Кичево, по сетови 25:23, 25:22 и 25:17.
Гостите од Кичево пружија силен отпор, посебно во вториот сет, кога имаа предност од четири поени. Но, во финишот на сетовите домашните одбјкари беа поконцентрирани и сосема заслужено поведоа со 2:0 во сетови.
Во третиот сет играта на кичевчани падна, а со силни и прецизни сервиси струмичани ги собираа поените.
Со победата во финалето Џио Струмица ја освои седмата шампионската титула досега и го одбрани шампинскиот трон од лани.
Comments are closed for this post.