Британскиот актер Даниел Крејг мора да оди на операција на ножниот зглоб, откако настрада при снимањето на најновиот филм за Џемс Бонд.
Оперативниот зафат, меѓутоа, нема да се одрази на промоцијата на филмот планирана за идната година. Крејг, кој по пети пт ја игра улогата на прочуениот супер шпион, се повреди за време на снимањето во Јамајка.
Снимањето ќе продолжи додека тој ќе се опоравува две недели по операцијата, а филмот ќе биде премиерно прикажан во април 2020 година.
Comments are closed for this post.