Македонските Оперски Солисти (МОС) „повикаа кон разум“ во врска со информациите за наводно нивелирање на платите во културата. Велат дека во таа „операција“ до вчерашниот ден ниту еден од нивната фела не бил повикан како претставник во насока на донесување на адекватно решение или правичен третман на уметниците, во случајот на носителите на дејноста во едниствената оперско-балетска институција во земјава.
„Во текот на вчерашниот ден, некаде околу 10:30 утрото, со СМС порака бевме известени дека во 16:00 ч., директорот на институцијата закажува состанок, за кој на самиот состанок, сфативме дека се работи за обид да ни се објасни ситуацијата на свршен чин, со кој треба да прифатиме дека оперските солисти не се опфатени со оваа операција, иако сите факти јасно укажуваат дека има и те како што да се нивелира во нашиот сектор, наведуваат од МОС.
Оттаму додаваат дека никој не им прикажал било каков указ или документ кој налага такво дејствие, за кое како што велат, исто така кулоарски, треба да биде извршено во понеделник на 20 ти мај 2019 година.
„Дури и одредени документи кои беа покасно посочени, а кои укажуваат на низа неправилности, беа недостапни за нас, со образложение дека директорот треба тоа да го дозволи. Изненадени од ваквиот однос, одлучивме состанокот да го продолжиме во кругот на солистите, што продуцира уште неколку квази средби со раководителите од правната и финансовата служба, кои наместо да не убедат во исправноста на постапката за што и беа повикани, истакнувајќи одредени факти не убедија во спротивното“, валат од МОС.
Додаваат дека го замолиле директорот да организира средба со заменик министерот за култура, како би ги истакнале нивните барања, но на крајот сфатиле дека до тоа нема да дојде. И покрај настојувањата лично да се сретнат со заменикот министер, не добиле никаков одговор до денеска. Затоа велат од МОС, решиле јавно да укажат на недостојниот однос кон нив декларирајќи неколку барања.
1. Итно и безусловно одложување на спорната нивелација на платите во кулутрата, со цел наш достоен третман во истата.
2. Организирање на средба помеѓу заменик-министерот за култура, групата на оперски солисти од институцијата, каде на достоинствен начин ќе ги деклариаме нашите ставови и барања.
3. Дефинитивна и обврзувачка декларација на министерството за култура, во насока на наше активно вклучување во процесите на дефинирање на колективниот договор.
ОД МОС велат дека доколку администрацијата се оглуши на нивниот повик, најавуваат радикализација на нивното делување.
Comments are closed for this post.