Седмото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот „Прв до врв” ќе се одржи денеска на Водно.

„Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, тим-билдинг трка за компании, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е пред-видена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците, соопшти Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв”.

Од Здружението наведоа дека оваа година се очекува на учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.

За нов рекорд, додаваат организаторите следува награда од 6.000 денари!

Ова се актуелните рекорди на „Прв до врв”

Трчање 
– мажи 32:04 (Steffen Uebel 2017)
– жени 40:22 (Адријана Поп Арсова 2017)

Планински велосипедизам
– мажи 37:16 (Горан Кузмановски 2014)
– жени 51:56 (Цвета Кушовска 2017)

Друмски велосипедизам
– мажи 35:44 (Горан Кузмановски 2018)
– жени 44:19 (Петја Минкова 2018)

Поради одржување на манифестацијата од девет до 10.30 часот нема да сообраќаат линиите кон и од Средно Водно.