Истражителите во Франција открија седум нови сучаи на затруени пациенти за кои сомничат еден анестзиолог. Вкупно него го товарат со 24 затруени пациенти преку инфузии на возраст од 4 до 80 години, од кои девет починале.

Сртанува збор за осомничениот Фредерик Пешиер (47) вработен во пруватна киника во Бесанкон, на исток на Франција. Се смета дека тој скришно во инфузиите ставал високи дози на потасиум или локални анестетски агенси, што кај пациентите предизвикале срцев удар за време на операцијата.

Пешиер бил познат по своите вештони за оќивување пациенти, и тој секогаш бил во близина на пациентите и во повеќето случаи се покажал како успешен во спасувањето животи во последен момент. Но, не секогаш – деве пациенти почионале.

Анестезиологот е уапсен во 2017 година заради седум сомнителни случаи, а потоа беше пуштен анс лобода со кауција. Од тогаш, судските органи истражиле ококлу 50 други случаи, а некои тела дури беа ексхумирани заради истраги.

Истрагите не се лесни, зашто потасиумот не остава траги во телото. Исто така, Пешиер никогаш не бил фатен на дело, односно како став дополнителни супстанци во шишињата со инфузија. Сепак, истрагата тврди дека има 17 случаи со цврсти докази з да почнат судски слуај против францускиот анестезиолог. За делата може да добие доживотна казна затвор.

Пешиер и неговиот асвокат тврдат дека тој никогаш не сторил такво нешто, дека е точно оти имало отруени пациенти, но дека тоа го сторил некој друг, некој негов колега.

Пешиер, и покрај се, се брани од слобода и нема право на вршење на својата професија.